Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Обука за ПХВ професори-дисеминатори во Косово

2024-02-13

Обука за ПХВ професори-дисеминатори во Косово

Во период од 09-10.02.2024 година во Косово, се одржа обука за ПХВ професори- дисеминатор. Обуката се реализираше како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка со Црвен крст на РСМ со цел имплементација на ПХВ програмата како позитивен модел во делот на регрутирање на млади, изработка на мали проекти за добробит на заедницата и промоција на мир, толеранција и културата.

Обучени и мотивирани беа 20 дисеминатори од 6 Општински организации на Црвен крст кои се вклучени во оваа пилот фаза. Како поддршка се вклучени и неколку волонтери од истите Општински организации. Назначен е национален координатор кој ќе дава поддршка за време на имплементација на трите обуки.

Се очекува да се обучат 300 ученици и да се изработат 30 мали проекти.

Националниот ПХВ координатор од Црвен крст на РСМ во текот на целата година ќе дава менторска поддршка со цел подобра и полесна имплементација на програмата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025